Се допрецизираат деталите за моделот за продажба на четирите останати загубари, ЕМО, ОХИС и прилепските Еурокомпозит и Тутунски комбинат. Иако, меѓународниот тендер требаше да биде распишан во февруари, се уште се дотеруваат некои работи околу моделот, начинот на продажба и критериумите. Kонсултантите се уште го подготвуваат информацискиот пакет за потенцијалните инвеститори. Во април ќе излезиме со јавниот оглас за продажба. Овие државни компании со години се со нерешен сопственички статус на пазарот, немаат работа, а трупаат се поголеми долгови. Целата постапка, од тендерот до продажбата, Владата планира да ја заврши во рок од 12 месеци, при што ќе се бара да се задржат бројот на вработените во наредните пет или седум години.
Се допрецизираат деталите за моделот за продажба на четирите останати загубари, ЕМО, ОХИС и прилепските Еурокомпозит и Тутунски комбинат.
Иако, меѓународниот тендер требаше да биде распишан во февруари, се уште се дотеруваат некои работи околу моделот, начинот на продажба и критериумите. Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, во Охрид изјави дека консултантите се уште го подготвуваат информацискиот пакет за потенцијалните инвеститори.
- Во април ќе излезиме со јавниот оглас за продажба - изјави Ставрески.
Овие државни компании со години се со нерешен сопственички статус на пазарот, немаат работа, а трупаат се поголеми долгови. Целата постапка, од тендерот до продажбата, Владата планира да ја заврши во рок од 12 месеци, при што ќе се бара да се задржат бројот на вработените во наредните пет или седум години.
За разлика од досегашните пропаднати обиди за нивна продажба, сега загубарите ќе одат на тендер со исчистени долгови, односно со претворање на нивниот долг во траен влог. Ќе се види дали овој пат тоа ќе има позитивен резултат. Нивниот вкупен долг кон државата изнесува 140 милиони евра, од кои 47,4 милиони се долгови на ОХИС.